Петта победа во серија за кошаркарите на Амак Сп кои во Свети Николе го совладаа новајлијата Овче Поле со 70-52.

Охриѓани имаа чест со победа да ја сефтосаат новата сала Цар Самоил во Свети Николе.


Натпреварот поминал во доминација на “белите“, a тренерот Лазовски им дал прилика на сите кошаркари да го осетат паркетот.

Имавме контрола над резултатот, одигравме агресивно во одбраната, пробавме некои варијанти за наредниот евро натпревар во Ден Бош  – кратко ни изјави тренерот на Амак Сп , Мaрјан Лазовски.

Охриѓани во сабота заминуваат за Холандија, каде ќе одржат неколку тренинзи како загревање за мечот против Ајфел Tауерс во вторник.

M.П.