Хуманитарниот хепенинг за дарување крв под мото „Ваши 5 минути – некому живот“ денес се одржа на градскиот плоштад. На повеќе пунктови, под шатори и со надзор од стручни лица, хумани граѓани од Охрид даруваа крв. Организаторите, општинската организација на Црвен крст се многу задоволни од одѕивот за дарување крв.


Според зборовите на  Сашо Точко – претседател на охридскиот Црвен крст „изненадува бројот на млади луѓе од 18 до 30 години кои даруваа, некои и за прв пат во животот. Собрани се повеќе од 50 единици крв со што планот е во потполно исполнет“.

Активисти на Црвен крст изведоа наставно – показна вежба „спасување од зграда во оган“. Во забавниот дел на бината настапија Ѓоко Танески, групата „Блек-аут“ , ученици од музичкото училиште „Методи Патче“, беше одржана и театарска претстава.


Гости на акцијата беа и претставници од 12 општински организации на Црвен крст од Република Словенија кои беа „пријатно изненадени од организираноста и хуманоста на луѓето кои даруваа крв“

С. К.