Одличен настап забележаа охридските стрелци на 15-тиот Шестоаприлски меѓународен турнир, што изминатиов викенд се одржа во олимписката сала „Зетра“ во Сараево, БиХ.

Околу стотина учесници од повеќе држави (Молдавија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Унгарија, Романија) како и стрелци од нашата држава, зедоа учество на овај престижен натпревар, што по квалитет и организација, како и учество на стрелци од светската елита, наликуваше на Европско првенство.

Во дисциплина воздушен пиштол-јуниори Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос“ се пласира на 4-тата позиција со резултат од 531 круг на првиот натпреварувачки ден, односно на 20-тата во севкупен пласман мажи. Во истата дисциплина Иван Милевски од СК „Охрид“ се пласира на 5-тата позиција со резултат од 526 круга, односно на 21-та од севкупен пласман мажи.

Стефанија Вељаноска од СК „Охрид“ во дисциплината пиштол јуниорки ја зазеде 5-тата позиција со резултат од 534 круга, односно 9-тата во севкупен пласман жени. Во дисциплина воздушна пушка-јуниори првиот натпреварувачки ден Бојан Спасеновски се пласира на десетата позиција со резултат од 604 круга, односно на 21 позиција в во севкупен пласман мажи. Кристијан Балоски заврши како 28-ми, односно 31-ви.

Вториот натпреварувачки ден, Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос“ се пласира на 14-тата позиција со резултат од 539 круга во севкупен пласман мажи. Во истата дисциплина Иван Милевски од СК „Охрид“ се пласира на 21-тата позиција со резултат од 506 круга во севкупен пласман мажи.

Во дисциплината воздушен пиштол јуниорки, вториот натпреварувачки ден Стефанија Вељаноска од СК „Охрид“ не успеа да се избори за пласман во финалето во осумте најдобри, па се пласира на десетата позиција со резултат од 519 круга.

Во дисциплина воздушна пушка-јуниори вториот натпреварувачки ден Бојан Спасеновски од ЖСК „Лихнидос“ се пласира на тринаесеттата позиција со резултат од 612,2 круга кои не беа доволни за пласман во финалето. Кристијан Балоски повторно заврши на заврши 28-мата позиција.

Во наредниот период стрелците од Охрид ги очекува уште еден традиционален меѓународен турнир во Сандански, Р. Бугарија

OhridNews