Изминатиот викенд АК Охрид зеде учество на Сениорскиот Куп на Македонија, каде оствари забележителни резултати.

Јован Стојоски освои две први места на 100м и 200м. На трката на 100м беше борба до последниот метар каде Стојоски триумфираше во самиот финиш.

Блаже Љушев освои две втори места во дисциплините скок во далечина и 110м со пречки.

Стефан Стефаноски во дисциплината фрлање ѓуле го освои третото место, додека во неговата дисциплина фрлање диск триумфираше, уште еднаш потврдувајќи ја својата доминација.

Искра Маџоска го освои второто место на 400м.

Исто така, АК Охрид после една декада имаше машка штафета на 4х100м што беше успешна според очекувањата.

Г.М.