Охридските атлетичари имаа успешен викенд освојувајќи дузина одличја и признанија на Националното поединечно првенство на Македонија за младинци и младинки и на Националното поединечно и екипно првенство во планинско трчање.

Марија Јованоска на 400 метри го потврди својот квалитет освојувајќи го првото место, а на најбрзата дисциплина (100 метри) заврши на третата позиција. Двете одличја и добриот настап на Јованоска и донесоа репрезентативен повик за Балканското првенство за млади атлетичари кое ќе се одржи на 21 и 22 јуни во Турција. Талентираната Стефанија Ристеска на 100 метри со пречки се закити се златниот медал и го комплетираше успешниот настап на охриѓанки.

На Националното првенство во поединечно и екипно Дејан Ангелоски заврши на првата позиција во младинска конкуренција, а сестрите близначки Елена и Емилија Лазороска финишираа на втората односно третата позиција. Охридското трио обезбеди место во репрезентацијата за Европското првенство во планинско трчање кое ќе се одржи за две седмици на Водно.

Атлетскиот клуб Охрид во името на Елена Лазороска ќе има уште еден преставник на Балканското првенство. Лазороска ќе се натпреварува во дисциплината 3 000 метри.

OhridNews