Каратистите од охридскиот клуб „Кун-су-то“ имаа двојна причина за радост после успешниот настап на Државното првенство за деца кое се одржа во Спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци.
Анастасија Смилевска, Дамјан и Козма Митревски искомбинираа четири медали. Смилевска освои златен медал во категоријата борби 10 години до 40 килограми и бронза во кати до 10 години. Дамјан се закити со златен медал во борби 10 години до 30 килограми, а неговиот брат Козма финишираше на втората позиција во иститата конкуренција.
Со успешниот настао на турнирот во Кавадарци и претходните Смилевска и браќата Митревски се изборија за учество а Балканското првенство за деца во карате кое ќе се одржи во Бања Лука на 31 мај оваа година, каде ќе ги претставуваат боите на Македонија.
OhridNews