Заврши одисејата на бразилскиот тренер Леонардо на клупата на Милан. Леонардо не издржа ни една година на жешката клупа на росонерите.


Елиминацијата на росенерите во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони од Манчестер Јунајтед, третото место во Серија А, неуспехот во Купот на Италија беа доволни причини за разделба помеѓу Милан и поранешниот фудбалер на росенерите Леонардо.


Леонардо на тренерското место го наследи Карло Анчелоти, но не ги достигна неговите успеси. Кандидати за преземање на кормилото се споменуваат Мауро Тасоти и Филипо Гали.

ohridnews