„Одисеја 2022“ е монографијата која во себе ги содржи деталите за подвигот на Марко Пејчиновски изминатото лето кога преплива десет пати разни релации на Охридското Езеро во вкупна должина од 250 километри.
После успешно реализирање на планот за лето 2022 запознајте се и доживејте ги моите авантури низ страниците на монографијата која ја подготвивме со тимот, порача Марко на неговиот официјален Фејсбук профил.
Во монографијата се поместени и признанијата од Светската асоцијација за пливање на отворени води (WOWSA), која во ноември минатата година официјално ги верификува сите негови десет препливувања.
Дадени се и информации од почетоците на Марко со пливачката кариера во 2018 година низ годните до последниот подвиг во 2022.
Монографијата има и англиска верзија, а како што посочува во објавата сите кои се заинтересирани за истата можат да се обратат до неговиот тим.
OhridNews