Кошаркарите на Охридскиот Амак СП, вечерва, во салата “Билјанини извори”  (20,30 ч) ќе го имаат европското деби во кошаркарскиот Еврочелинџ-куп (ФИБА).

Амак Сп ќе ја брани честа на македонската кошарка бидејќи е единствениот кој ќе се појави во второто по јачина натпреварување во Европа, Челенџ купот.

Словенечкиот Златорог, е доста уигран тим кој иако нема значаен евро-рејтинг сигурно заслужува достоен респект.

Екипата на Лашко е составена од играчи што не се екстра-ѕвезди, но е група избрана од словенечкиот селектор и нивниот тренер Алеш Пипан. Играат брза кошарка, не се предаваат до крај и воопшто нема да биде лесно да се победат. Но домашниот терен, поддршката од публиката, нашата желба за претставување во добро светло сметам дека ќе ни овозможат да славиме на овој меч – вели стратегот на охриѓани, Лазовски.

Покрај малиот број контроли, за Амак СП хендикеп ќе биде и тоа што практично натпреварот против Словенците ќе го одиграат беа класичен центар, кој би ја затворил празнината под обрачите.

И двата тима во последното превенствено коло забележаа победи.

Амак го победи Торус со 89-70, а најзабележителни на теренот беа Чубрило (24п, 14 ск) и Џарид Фрај 20 п.

Противникот, Златорог Лашко на гостувањето во Постојна во саботата во словенечката лига ја постигна втората најубелдива победа во својата историја  98-59.


Тимот на Пипан беше предводен од Машич и Лучич кои дадоа по 19 поени, Бердил даде 17, а Нуханович и Стрнад по 13. Огромната победа остана во сенка на повредата на порториканецот Бердил чиј настап вечерва е под знак прашалник.

М.Постоловски