Некомплетното шесто коло во најсилното кошаркарско машко првенство се одигра синоќа.

Во возбудлив и неизвесен натпревар на новајлиите во лигата Поп спорт беше поразен од Торус 85-87.

Дербито на колото му припадна на Пелистер кој во “Младост“ во Битола го совладаа МЗТ Фон со 78-68.

Лидерот Работнички стигна до шесттата победа во серија откако во Свети Николе
Овче Поле – Ф. Работнички 62-84.

Актуелниот шампион Фени И. во Скопје лесно ги совлада Соколите 94-117.

Натпреварот помеѓу Амак СП и Вардар О. е одложен поради настапот на Амак во Фиба Евро Челинџ купот, натпреварот е презакажан за среда 19.11.

ohridnews