Екипите од ОСО Св. Климент Охридски-гимназија и ОЕМУЦ Св. Наум Охридски забележаа победи во петтата рунда од лигата во мал фудбал за средните училишта.
„Гимназија“ со 3-0 го совлада тимот на СОСУ Св. Кирил и Методиј-економско, додека ОЕМУЦ Св. Наум Охридски славеше со тесни 2-1 против ОУТУ Ванчо Питошески.
Во следната шеста рунда ќе се одлучи кој ќе биде противник на ОУТУ Ванчо Питошески во бараж мечот за првото место и кои две екипи ќе разигруваат за бронзениот медал.
Табела: ОУТУ Ванчо Питошески 12 бодови, Св. Климент Охридски-гимназија 7, ОЕМУЦ Св. Наум Охридски 6, СОСУ Св. Кирил и Методиј-економско 4.
OhridNews