СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.В.(43) од Скопје, управител на „Лабком“ ДООЕЛ-Скопје и Н.М.(54), од Струга, одговорно лице во „Сиц Интернационал“-Охрид за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“. На 23.01.2008 година, А.В. изготвил фактура за испорака на компјутери до споменатата фирма од Охрид во износ од 1.061.350 денари и истата ја доставил до Н.М., без да ја евидентира во сметководството на фирмата и да го прикаже платениот износ по истата. По ова, Н.М. фактурата и набавените компјутери исто така не ги прикажал во книговодството и истата ја употребил пред Комисијата за добивање на лиценца за испитен центар за полагање на возачки испит.
извор:
МВР