Во организација на Локалната Агенција за Развој од Струга и Еуропартнерс Дивелопмент од Тирана, утре, во хотелот Ривиера од 11 до 15 часот ќе се одржи завршната конференција „Сино и Зелено наспроти Црно и Сиво“.

На конференцијата ќе бидат презентирани резултатите на проектот и заклучоците од анализата „Интегриран екосистемски пристап за сливот на Охридското Езеро како алатка за зачувување и заштита на природните ресурси“. Воедно, ќе се разговара за можностите за соработка и еколошките предизвици со кои се соочува регионот околу Охридското езеро.  Главната цел на проектот е да помогне во ефективна и одговорна употреба на природните ресурси во прекуграничното подрачје на Охридското Езеро, подобрувајќи го одржливиот развој на регионот.  

Проектот е дел од ИПА прекугранична програма помеѓу Македонија и Албанија 2007-2013.

OhridNews