Во еден затвор во Доминиканската Република биле откриени поголеми количини садници марихуана. Националната агенција за контрола на наркотици навела дека полициската инспекција во затворот Нахајо, во близина на главниот град Санто Доминго, пронашла 33 стебла на марихуана во две затворски келии.


Се наведува дека 28 од стеблата припаѓале на еден затвореник, а останатите пет ги одгледувале други двајца. Полицијата не соопштила како затворениците успеале да одгледуваат марихуана во затвор, ниту дали во тое е вмешан некој надвор од затворот. Истрагата за случајот е во тек.