Кинез се вчудоневидел кога дознал дека кучето кое го одгледувал всушност е волк.

Го нашол во планина минатата година, додека бил сеуште мал, и го повел со себе дома. Му изградил куќарка и се грижел за него.

„Секој ден го носев на прошетка и се грижев за него, а тој се приврза за мене“ – рекол Ли Хаин.

Но жителите во селото почнале да се сомневаат кога слушнале како завива како волк за време на ноќите.


„Не се осмелив да го пуштам детето надвор навечер откако почнавме да го слушаме завивањето на волкот“ – рекол еден жител на селото.

После доаѓањето на полицијата и експери од центарот за диви животни, било утврдено дека кучето всушност е волк, па животното било префрлено во зоолошка градина во Кинглинг.

„Мене ми изгледаше како куче. Никогаш не се посомневав дека станува збор за волк“ – рекол неговиот сопственик.