Во своите дворови луѓето обично одгледуваат пилиња или зајци, а понекогаш и други домашни животни, но не и романецот Лоријан Галсеску. Полицијата која дошла на увид по дојава на еден од соседите, се изненадила кога во дворот здогледала два возрасни лава. Тој изјавил дека бенгалските лавови ги купил додека уште биле малечки.
Тој за романските медиуми изјавил дека не гледа во што е проблемот бидејќи лавовите не повредиле никого. Полицијата му ги одзела животните бидејќи за нив немал дозвола. Лавовите биле одведени во зоолошката градина во градот Таргу Муреш, каде ќе останат додека не се одлучи за нивната понатамошна судбина.