Во друг случај, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Н.(40) од Охрид за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 04.06.2008 година, во Охрид на ул. „Сирма Војвода“, по наредба на истражен судија е извршен претрес во домот на пријавениот, каде се пронајдени 86,47 наркотична дрога-кокаин, 1,04 грама-хероин, 185,13 грама-марихуана и 8 куршуми пиштолска муниција кал.9 мм.
извор: МВР