Стефен Сигрист од Швајцарија често планинари по Алпите, а едно од омилените хобија му е одење по јаже меѓу врвовите на планините. Стефен успеал да изоди на јаже помеѓу највисоките врвови во Швајцарија. Помеѓу него и сигурната смрт стоело само тенкото јаже. Со необичното хоби почнал да се занимава пред осум години, а признал дека сеуште многу се плаши пред да зачекори по јажето.
Вели дека за вакво нешто човекот мора да биде психички стабилен, а додал дека во минатото има неколку незгодни ситуации во кои срцето скоро му запрело. На Алпите помеѓу врвовите Шилторн и Бернесе одел на висина од 2970 метри.