Еден човек од Јоркшир поставил нов светски рекорд во одење по скршено стакло. Му требале нешто повеќе од 27 и пол часа да изоди скоро 30 километри, а сето тоа во хуманитарни цели. Подвигот го извел во еден ресторан во Хорсфорт, рушејќи го претходниот рекорд кој изнесувал 960 метри.
Вели дека навикнал да оди по стакло, но гостите во ресторанот не биле навикнати тоа да го гледаат и стално го вртеле погледот. На секој час имал по пет минути пауза, во која можел нешто да се напие, да се одмори или да обави некоја физиолошка потреба.