Деновиве вработените од одделението за комунален развој се преселија од општинската зграда во канцелариите каде до неодамна беше сместена управата на Здравствен дом Охрид.
– Со дислоцирањето на ова одделение од досегашните простории што се наоѓаа во општинската зграда, се создаваат неопходни услови за работа на вработените и нормално функционирање во поглед на извршување на обврските кон граѓаните и правните лица кои, по основ на прашања и зафати од комуналниот развој, се обраќаат до ова одделение, информираат од локалната самоуправа.
Покрај вработените во одделението за комунален развој, во зградата на Црвен крст се преместени и вработените кои се задолжени за извршување на работи сврзани со сообраќајот и јавното осветлување.