Одбројувањето до почетокот на второто издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“ продолжува. Уште точно девет дена остануваат и Охрид повторно ќе пулсира во ритамот на трчањето, позитивната енергија, забавата и дружењето.
Деветтиот ден до почетокот ќе го искористиме за информации околу пријавувањето за учество. Секој заинтересиран своето учество може да го пријави исклучиво онлајн на официјалната страница ohridtrcat.mk со плаќање со картичка или со уплатница в банка и никаде на друго место.
Учесникот има три опции на „Охрид трчаТ“. Да биде учесник на 10 или 5 километарската трка или пак да формира екипа и да се натпреварува во тим билдинг трката која се трча на 5 километри.
Пријавувањето за учество трае до понеделник (28 мај) во 23 часот и 59 минути, а подигањето на стартните пакети е в сабота на 2 јуни на експото кое ќе се одржи на градскиот плоштад.
OhridNews