Овој петок и сабота, 14 и 15 септември, во салонот на „Кармен Бауцентар“ на улица „Железничка“ во Охрид, голема промоција и попусти на светски познатите брендови за електричен алат DeWALT, Black+Decker, Stanley, Graphite, Verto…

“Следејќи ги светските трендови во развојот на електричен алат, „Кармен Бауцентар“ во својот продажен салон во Охрид на ул. „Железничка” бр.3, на 14 и 15 септември, организира промоција со стручна презентација на професионалните и светски докажани брендови како “DeWALT” “Black+Decker” “Stanley” “Graphite” и други. Секој купувач ќе има можност лично да го тестира посакуваниот алат, а воедно следуваат попусти до 20% како и подароци. Купувачите ќе имаат можност поблиску да се запознаат со спецификациите на германскиот ламинат “Swiss Krono” за кој е предвидена специјална акција.“ – велат од менаџментот на „Кармен Бауцентар“.

Системите кои ги нуди „Кармен Бауцентар“, заземаат активно учество и водечки позиции во градежништвото, без оглед дали се работи за изградба на приватна куќа, зграда – стан или адаптирање на постоечки простор, додаваат од компанијата.

„Тука со гордост ги застапуваме лидерите во градежништвото како “Bekament”, “Knauf”, “Ursa”, “Armstrong” и други. Високо опремениот бауцентар во Охрид е место каде што можеме да ги исполниме сите желби за модерен, урбан и функционален дом или деловен простор.“ – истакнува менаџерскиот тим на „Кармен Бауцентар“.

Купувачите овој петок и сабота во „Кармен Бауцентар“ ќе можат да набават и гарден мебел по фабрички цени.

Настанот ќе биде збогатен со многу музика и изненадувања за купувачите.

OhridNews