Синоќа во Скопје во организација на ТАКТ (Together advancing common Trust) за прв пат во нашата земја одбрани беа најуспешните жени во македонскиот спорт за годината која изминува.

Со признанието за најуспешна спортистка се закити фудбалерката на Барселона, Наташа Андонова. Признанието за најдобар тренер и припадна на Јулијана Црвенкоска која е дел од Ракометниот клуб Металург, а за најдобра новинарка прогласена беше Ирена Андреевска  која работи во МТВ.

Покрај овие признанија доделени беа за најнадежна спортистка, најдобра судијка, екипа, организација, спортистка во колективен спорт и поединечно и со инвалидитет.

Признанија: 

Најнадежна млада спортистка: Ана Марија Георгиевска

Најуспешна спортска новинарка: Ирена Андреевска

Најуспешна судијка: Марија Илиева и Силвана Карбеска

Најуспешен тренер: Јулија Црвенковска

Најуспешен тим: ЖРК Вардар

Најуспешна организација за позитивни општествени промени преку спорт: Специјална Олимпијада на Македонија

Најуспешна спортистка во колективен спорт: Сара Ристовска

Најуспешна портистка во индивидуален спорт: Ангела Мојсовска

Најуспешна спортистка со инвалидитет: Оливера Наковска-Бикова

Најуспешна спортистка за 2018 година: Наташа Андонова

OhridNews