Трите голманки се Елизабета Стојановиќ (Металург-Скопје), Фросина Крстевска (Еуростандард ЃП) и Наташа Антиќ (Кастратовиќ),
Крила: Ива Стојковска (Еуростандард ЃП), Цветанка Срњакова (Кабран А.), Симона Николовска (Кометал ЃП) и Симона Гроздановска (Кале-Кичево),
Првата линија ја заокружуваат пикерите на Металург-Скопје, Марија Серафимовска и Кристина Илиоска.
Бековската постава ја сочинуваат Марија Когој (Универс 1), Елена Димковска (Вардар о.), Белма Беба (Металург-Скопје), Анета Анчева (Кожувчанка) и единствените во овој тим со искуство од сениорската репрезентација, Елена Ѓорѓиоска и Ивана Петковска од Кометал ЃП.
Ракометарките деновиве се подготвуваат во Струга додека од Понеделник 14 Јули ќе притигнат во Охрид.
Првенството почнува на 21 јули, кога играме со Австралија. Во нашата група уште се и Кореја, Хрватска и Бразил