На турнирот во омилениот спорт на Проески , кој беше организиран од Црвениот Крст, Сојузот на Училишен спорт и ЈП “Билјанини Извори“ беше промовирана модерната одбојкарска конструкција.
– Повеќе од дваесет години одбојката беше заборавена. Интензивирање и развој на масовниот спорт останува една од примарните цели на локалната самоуправа , па затоа во целот ја подржавме оваа иницијатива. – рече градоначалникот на Охрид, Александар Петрески кој со смеч го отвори трунирот.
Одбојкарската конструкција вредна неколку илјади евра е донација од “Охридска Банка“ која е дел од Сосиете Женерал групацијата.
– Традиоционално подржуваме вакви настани, во соработка со ЈП Билјанини Извори помогнавме во набавка на опремата. Ова е само почеток и гледајќи го бројот на децата во салата оптимист сум дека ќе ја вратиме одбојката во Охрид– истакна директорот на филијалата на Охридска Банка во Охрид Вецко Силјаноски.