Македонската одбојкарска репрезентација од денес до недела во Ротердам , Холандија ќе учествува на вториот квалфикациски турнир по кој ќе бидат познати репрезентаци кои ќе изборат пласман на ЕП во Хрватска.
Само првпласираниот ќе обезбеди директен пласман, додека второ пласираниот ќе одигра дополнителен бараж натпревар за пласман на континеталниот собир.
Одлучувачки според македонската експедиција е вечерашниот натпревар (20 часот) против Португалија, која во Скопје ги изненади противниците и од аутасјдер се претвори во главен фаворит. Во сабота попладне (17.30 мин) е дуелот со Холандија, додека во
недела (14.30 мин) ни завршува програмата со Шведска.
На табелата води
Португалија со 6, а следуваат Македонија (5 бода), Холандија (4) и
Шведска (3).
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com