Четвртото издание на турнирот во одбојка на песок на плажата “Бафало Бич“ ќе се одржи од 16 до 26 јули.


Како и претходните три години, и овојпат на “охридскиот“ песок силите ќе ги одмерат екипите пријавени во категориите аматери, компании, како и секогаш расположените за натпреварување ВИП личности, а атмосферата ќе кулминира со Државното првенство во Одбојка на песок на кое, екипите составени од професионални играчи, ќе ги покажат сите убавини на овој спорт.


Минатогодишните победници Ристо Модев и Гоце Славков  во машка, односно Николина Ќурчиева и Власта Ружиновска во женска конкуренција ќе ги бранат освоените наслови.

ohridnews