Претседателот на Пливачката федерација на Македонија (ПФМ), Александар Маленко имаше официјална средба со медиумите на кои им ја презентираше програмата за работа за годината која следува и понамоташните чекори со кои ќе треба пливањето да се издигне од пепелта и да се врати помеѓу најдобрите спортови во нашата земја.

Главна цел, или како што рече Маленко новогодишна желба му е одблокирање на сметката на ПФМ. Години наназад таа не функцинора со што се отежнува секој обид на ПФМ да реализира некој проект.

– Би сакал до 2024 година да се изградат четири затворени базени и со постоечките три да добиеме седум места на кои сите ние ќе можиме да бараме таленти. Исто така ќе тежнеам да се изградат шест школски базени во кои задолжителен час по физичко образование и култура ќе имаат учениците. Само така прво ќе им го в садиме пливањето како спорт и препознаеме талентите од мали нозе. – изјави Маленко.

Тој додаде дека работата во ПФМ е поделена на далечинско и олимписко пливање и Македонија ќе добие неколку национални првенства, што не било во практика порано.

Во ПФМ ќе се воспостават сертификати за тренери, судии и делегати согласно меѓународната соработка со Светската пливачка федерација и ќе се ревидираат стипендиите за млади надежни пливачи во склоп на правилниците на Пливачката федерација на Македонија.

OhridNews