Кривичниот совет на Основниот суд 1 ја прифати жалбата на адвокатите во случајот Пајажина поднесена против решението за блокирање на сметката на А1 телевизија.

„Во врска со поднесените жалби на управителот на правното лице “А1 Телевизија“ ДООЕЛ Скопје, против Решенијата на Истражниот судија на овој суд, за привремено замрзнување на банкарските сметки на ова правно лице и на другите правни лица, а заради привремено обезбедување на средства што се во врска со кривичните дела, на ден 08.02.2011 година кривичниот совет на овој суд, донесе Одлука – Решение со која жалбите ги уважи, а по повод жалбите и по службена должност, Решенијата на Истражниот судија ги укина и предметите ги врати на истражниот судија на повторно одлучување“ се вели во соопштението на Основниот суд 1.

OhridNews
извор: Makfaks