Дека преданоста кон верата понекогаш е посилна и од мајчинската љубов покажува случајот на 22-годишната англичанка Ема Гуг. Умрела неколку часа по раѓањето на синот и ќерката затоа што поради припадноста на Јеховините сведоци не смеела да прими туѓа крв.
Пред породувањето на лекарите им било кажано дека на Ема во никој случај не треба да и даваат крв. Никој не очекувал компликации но до нив сепак дошло. Лекарите залудно го молеле нејзиниот 24-годишен сопруг и останатите од семејството за дозволат да и го спасат животот на Ема. Иако за тоа била потребна најобична трансфузија на крв, напорите на лекарите останале залудни. Семејството и понатаму инсистирало дека Ема не би сакала да ги изневери своите принципи. Младата мајка пред смртта успеала само еднаш да ги гушне своите деца.
„Сите сме запрепастени и очајни. Не можеме да веруваме дека некој може да умре во денешно време по породување со сета денешна технологија. Уште потажно е што Ема имаше време да ги подржи близначињата пред се да се искомплицира. Среќа е што Антони има големо семејство. Сите ќе помогнат околу одгледувањето на децата“рекол 24-годишниот Питер Велш, исто така Јеховин сведок, кој во 2005 година бил кум на венчавката на Ема и Антони. Пријателите младата девојка ја опишуваат како модерна и полна со живот. Била пресреќна кога дознала дека носи близначиња.
Ј.М.