Потпретседателот на Колумбија Анхелино Гарсон се откажал од местото амбасадор во Бразил поради домашниот миленик. Гарсон како причина за своето одбивање го навел тоа што неговото куче, германски овчар, не би можело да се прилагоди на бразилската клима.

Колумбискиот потспретседател живее во Богота, град кој се наоѓа на 2500 метри надморска височина и во кој температурите се далеку пониски отколку во Бразилија каде би служел како амбасадор на својата земја. И додека во писмото до колумбискиот претседател се правдал со „лични проблеми“, Гарсон за медиумите објаснил дека го одбил тоа место бидејќи „неговото куче има долги влакна, па топлата бразилска клима би можела да биде погубна по неговото здравје“.