Тринасет од 14 притворени во случајот „Пајажина“ ќе продолжат да ја издржуваат мерката притвор. За деблокирање на сметката на А1 телевизија сеуште се одлучува.

Учествувајќи на протестот пред Судот, организиран од страна на женски невладини организации и партиски форуми, постапките на судиите ги коментираше сопругата на Велија Рамковски. Мазес Рамковска изјави дека е нормално што петтемина обвинети кои не се притворени, како што рече, се недостапни за органите.