Со бројни содржини во програмата се одржува годинешната „Научна и уметничка визита 2024“, во организација на Македонската академија на науките и уметностите во просториите на Куќата на Уранија-МАНУ.
На 2-ри август во 12:00 часот во рамки на програмата е одбележувањето на 80 години АСНОМ во Куќата на Уранија каде што ќе се одржи предавање, а гостин предавач ќе биде проф. д-р Владо Поповски. Организатор на предавањето е одделение за општествени науки на МАНУ, информираат организаторите.
Во месец август предвидена е научна дебата на тема „Високото образование и науката“ во организација на Одделението за општествени науки на МАНУ, а од од 24-26 август македонско-кинеска поетско-преведувачка работилница на тема „Поезијата во превод меѓу цивилизациите“ во организација на Истражувачки центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“, МАНУ.
За на 29 август закажана е терминолошка работилница на тема „Неологизмите во македонскиот јазик“.
OhridNews