Со полагање свежо цвеќе, историски час и посета на Спомен собата, денес во село Сливово беше одбележан јубилејот- 80 години од формирањето на Првата Македонска-косовска ударна бригада на 11 Ноември 1943 година.

Македонија е држава која е родена на придобивките на НОБ, олицетворени преку историските одлуки на АСНОМ, во 1944 година, кои практично претставуваат остварување на вековните идеали на македонскиот народ за создавање на своја државност и самостојност. Тие придобивки во голема мера се исковани во Дебрца, првата слободна територија во НОБ, која жестоко се спротивставила на фашизмот. Затоа, наша и на идните генерации света должност е тие придобивки да ги чуваме и негуваме, бидејќи на тој начин си ја чуваме државата, вели градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески.

Денешниот ден, додаде е и Патронен празник на ООУ „Дебрца“ – Белчишта, а учениците и наставниците по тој повод со пригодна свеченост под мотото „Ние сме деца на иднината” го одбележаа патрониот празник.

Одбележан патрониот празник на ООУ „Дебрца“

По повод патрониот празник на училиштето беа наградени најдобрите ликовни и литературни творби пристигнати на претходно распишаниот конкурс.

OhridNews