По повод 72 години од формирање на батаљонот Мирче Ацев ,делегација од општина Дебрца предводена од градоначалникот Игор Трајкоски положи цвеќе на споменикот на Славеј Планина.
Општинската организација на сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца организираа свечено одблежување по повод 72 години од формирањето на батаљонот Мирче Ацев.
Околу значењето на настанот обраќање имаа Верка Бунтеска ВД претседател на ГО на СБМ и Гоце Георгиески претседател на СБ од НОАВМ за Охрид и Дебрца.
OhridNews