Со неколку стари камиони„Доџ“,  скромен возен парк и во  субстандардни усслови за работа АД „Галеб“ Охрид пред 60 години ја започна својата историја. Денес ова веќе приватизирано претријатие е еден од нареспектабилните автопревозници во земјава, рече претседателот на УО на „Галеб“, Љубен Василески, на свеченоста што по повод шеесет годишнината од постоењето се одржа денеска во х.„Горица“


Од прославата на јубилејот

Во изминатите 60 години „Галеб постојано се развиваше и модернизираше. Благодарение на успешната работа на поранешните директори и на сегашното раководство претпријатието успешно ја мина транзицијата и покрај силната и во најголем број нелојална конкуренција, „Галеб“ денеска е едно од најуспешните претпријатија во Охрид, рече Василески.

„Денес „Галеб“ има возен парк од осумдесетина возила кои дневно минуваат по 17.000 километри од што 3000 километри на меѓународни линии“, рече Василески. Покрај постојните во иднина се планира и воспоставување нови релации кон Херцег Нови, Истанбул и западноевропските земји, додаде Василески.


Дневно возилата на „Галеб„ поминуваат по 17.000 километри

На свеченоста по повод 60 години од постоењето на „Галеб“ присуствуваа голем број јавни личности, претствници на локалната самоуправа, поранешни и сегашни вработени во компанијата.

Г. Момироски