Со низа манифестации во Охрид викендов беше одбележана неделата на Црвениот крст. Свеченостите започнаа со полагање на свежо цвеќе на бистата на Анри Динан од страна на делегациите на Црвен крст Охрид и Здружението на Анри Динан од Струга.
одбележана неделата на Црвениот крст
Манифестацијата продолжи на просторот помеѓу ТЦ Амам и Спортската обложувалница Премиер, каде голем број посетители уживаа во прекрасните музички изведби на Миланка Новеска, Ѓоко Танески, Ева, Ристо Билбилов, Ноне, Елвир Мекиќ, Бојана, Јован Јованов, Елена Ристеска.
Присутните имаа можност да ја проследат презентацијата на вештините и техниките на спасување на повреден од опожарен објект на Единицата за спасување на планина и непристапни терени, а дел од нив својата хуманост ја искажуваа дарувајќи крв. За 6 часа, колку траеше крводарителската акција беа собрани 114 единици крв, што претставува и рекорд на собрани единици крв, за толкав период, велат од Црвениот крст – Охрид.
За крводарителите беше организирана наградна игра а најсреќни во извлекувањето беа Димитар Димоски кој доби мотор-скутер подарок од спортската обложувалница Премиер, Драган Дурдубакоски доби телевизор, подарок од автосалонот Јолекс и Војимир Голубовиќ кој доби ДВД подарок од СИВ книжарници Снежана.
Во текот на Неделата на Црвен крст, Црвен крст Охрид во соработка со аптеката Мерифарм, на секое новороденче што ќе дојде на свет во оделението за Гинекологија при општа болница Охрид ќе му подари соодветен бејби пакет, а на мајката цвет.
ohridnews