Делегација на Општина Охрид денеска во село Ливоишта положи цвеќе пред вечното почивалиште на Благојче Крстаноски, а по повод одбележување на годишнина од неговата смрт.

Благојче Крстаноски беше македонски бранител и професионален војник во АРМ. Загина на 7 април 1999 на самата граница од снајперски оган од косовска страна. Тој беше првата жртва на вооружените сили во независна Македонија, чесно и пожртвувано извршувајќи ја својата должност во одбрана на својата татковина.

Крстаноски е посмртно одликуван со медалот за храброста од претседателите Борис Трајковски и Ѓорге Иванов.

Во 2017 година во селото Ливоишта, беше откриена спомен плоча (спомен чешма) посветена за него.

OhridNews