Делегација од Општинскиот одбор на Сојузот на борци-Охрид, денеска, положи свежо цвеќе на спомен плочата во с.Коњско, во рамки на одбележувањето на 72 годишнината од нападот на партизанскиот одред „Даме Груев“ на с.Коњско.

 

На одбележувањето присуствуваа учениците и наставниците од локалното училиште како и граѓани од населбата.

Историски час одржа потпретседателот на ОО на СБ-Охрид Никола Стефаноски.

OhridNews