Македонските иселеници во Виена ја одбележаа јубилејната 20 годишнина од основањето на Мaкедонста православна црковна општина МПЦO „Св. Наум Охридски“ и „Македонското културно друштво“ во Виена. Одбележувањето започна со света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Негово Високопреосвештенство Митрополит Европски Г. Пимен заедно со Архимандрит Арсениј , Отец Зоран и Отец Валентин.


По повод 20 годишниот јубилеј, Митрополит Европски Г. Пимен ги ракоположи во чин Отец Александар Митановски и Душко Ѓеровски.

– Им се заблагодаруваме на сите оние што со допринеле за да го имаме ова македонско катче овде во Виена. Овај јубилеј очекувам да биде потстрек за младите активно да се вклучат во фукнционирањето на Македонската црковна општина во Виена како и во Македонската културна заедница – рече во својот поздравен говор претседателот на здружението Димче Лазовски


Прославата беше заокружена со величенствени концертот на националниот македонски ансамбл Танец и КУД Македонка од Виена. На концертот присуствуваа амбасадори, почесни конзули, црковни великодостојници како и пратеници од австрискиот Парламент.

М.П.