На 18 јануари, 1862 година, пред 146 години, во Стамбол (Истамбул), далеку од родниот град Струга, почина Димитрија Миладинов, а само по четири дена почина  и неговиот брат Константин.

Струга вчера на скромен начин ја одбележа  146 годишнината од смртта на браќата Миладиновци. „Нивната дела и пораки да ја чуваме и сакаме Струга, силно одекнуваат и денес“, рече на одбележувањето, Разме Кумбароски, од Друштвото на писатели од Струга.

На чествувањето по повод 146 години од смрта на Миладиновци, покрај членовите на фамилијата Миладиновци, присуствуваа и членовите на Друштво на Писатели од Струга и Битола, како и делегација на Општината Струга, предводена од градоначалникот Рамиз Мерко, кои положија цвеќе на споменикот пред спомен Домот на Миладиновци.


одбележана 146-годишнината од смртта на Миладиновци

ohridnews