„Во плејадата македонски културни дејци, Кузман Шапкарев зазема посебно место и затоа чувствуваме посебна должност да му оддадеме почит“ рече на денешното одбележување на 100-годишнината од смртта на Шапкарев, градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.


Петрески порача до сите сонародници кои го негираат сопственото македонско потекло да прекинат со тоа, зашто како што рече  на овие духовни простори е создавано отсекогаш.


„Беседа за животот и делото одржа професорот Митре Велјаноски „Со должна почит кон делото на браќата Миладиновци, но обемот на собирачката дејност на Шапкарев е поголема за разлика од нив“, рече Велјаноски. Тој ја подвлече визионерската дејност на Шапкарев преку собирањето народни умотворби освен на македонски, и на албански, турски и влашки.

Велјаноски кажа дека ќе с еправат напори  општинска делегација заедно со потомците на Шапкарев, до крајот на овој месец ќе го посетат гробот на деецот во Софија, Бугарија. 

А.Р.