Членови на охридскиот Црвен крст, делегација од локалната самоуправа предводена од претседателката на Советот, Живка Ангелоска, претставници од здружението „Анри Динан“ од Струга, денеска, положија свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан, основоположникот на идејата за движењето на Црвен крст.
Со тоа зпаочна одбележувањето на Светскиот ден на Црвен крст и Црвената полумесечина, по што ќе следи и Неделата на Црвениот крст.
Во рамки на одбележувањето, денес, се одржа и Отворен ИНФО ДЕН-прием во седиштето на Црвен крст Охрид за децата од предучилишните установи и учениците од основните училишта во Охрид, каде преку промотивни материјали и видео проекции се запознаа со мисијата на движењето на Црвениот крст, со активностите на Црвен крст Охрид и како се станува волонтер на Црвен крст. Денес, во просториите на ФТУ се одржува и крводарителска акција.
Црвен крст Охрид се вклучи и во глобалната кампања на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото “што ви се допаѓа во Црвениот крст и Црвената полумесечина” #ЉУБОВ.
OhridNews