Со синоќешното осветлување на зградата на Општина Охрид во зелена боја, локалната самоуправа се вклучи во одбележување на Светскиот ден на церебралната парализа – 6.Октомври.
На овој ден се потсетуваме дека има над 17 милиони луѓе во Светот погодени од ова здравствено нарушување. Церебралната парализа е несакан глобален феномен и е еден од најчестите физички попречености што ги погодува нашите најмили, децата. Оваа попреченост може да се појави во различни периоди од нивното растење и развој, велат од општина Охрид.
Затоа сите во рамки на своите надлежности да работиме на подобрување на условите за живот на оваа категорија луѓе, додаваат од општина.
OhridNews