Илјадници обожаватели од Македонија и Балканот присуствуваа на големиот хуманитарен концерт, што синоќа се одржа во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, со кој беше одбележан 30-от роденден на Тоше Проески.


На концертот настапија познати музички ѕвезди од регионот, а беше промовиран и спотот за песната „ Наслони главу на моје раме“.


Фановите на Тоше во еден глас ги отпеаја познатите рефрени од неговите хитови, а преку видео врска роденденот му го честитаа неговите обожаватели од целиот Балкан.

OhridNews