Голем број верници вчера присуствуваа на богослужбата со која беше одбележан празникот Св. Стефан – летен во истоимената црква над познатото летувалиште крај Охрид.


Одбележан празникот Св. Стефан летен.

Самата црква е со минимални димензии, изградена (издлабена) во карпите во средината на деветтиот век, во период кога на овие простори бил засилен таканаречениот анахоретски или пустиножителски, осаменички живот на монасите. Црквата е живописана, но само мал дел од живописот е зачуван. Сеуште постои и оштетен натпис кој зборува дека заслуги за изградба на црквата имале луѓе од околните села Шипокно, Коњско и Горица. Во ново време се изградени и конаци.


Летово црквичката надворешно беше реновирана, но според црковните лица многу поважно е да се зачува вредниот живопис во внатрешноста. Управата за заштита на културното наследство пред околу две години извршила увид во  манастирската црква,  но се уште не се отпочнати активности за заштита на оштетениот живопис.


Божјото око…..


…Дел од зачуваниот живопис

Овој мал, но мошне значаен духовен храм посветен на првиот архиѓакон Св. Стефан, е исклучително интересен за странските туристи, кои како што кажуваат луѓето кои се грижат за црквата често доаѓаат тука, се воодушевуваат на древниот амбиент и уживаат во  прекрасниот поглед на езерото.

OhridNews