Со низа активности учениците и наставниците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, во присуство на голем број гости, го одбележаа патрониот празник на училиштето.

Во просториите на училиштето се одржа свечен коктел  во духот на традиционалната македонска кујна,  подготвен и послужен од страна на наставниците и учениците.

Се изврши и презентирање на наградените трудови од одржаните натпревари, а беа организирани и спортски игри, турнири во мал фудбал, ракомет и кошарка. Програмата беше збогатена и со неколку музички точки.

OhridNews