ОУ „Христо Узунов“ со пригодна свеченост што синоќа се одржа во Центарот за култура по 32 пат го прослави името и делото на патронот – големиот хуманист и идеолог, охридскиот илинденец, Христо Узунов.
На свечената академија поздравно обраќање имаше директорката на училиштето Оливија Пирузева – Јанева, која се осврна на реализираните бројни проекти со кои во голема мера се подобрени условите за одвивање на наставата, за што таа упати благодарност до локалната самоуправа.
– Во оваа година целосно е реконструиран училишниот двор и делот околу спортското игралиште; реновиран е подот во 10 училници; воведена е чуварска служба; подобрен е квалитетот на наставата со проектот Воведување на наставници по физичко образование во одделенска настава кои им помагаат на одделенските наставници при реализација на овој предмет; а продолжниот престој се организира со помош на Локалната самоуправа, истакна Пирузева – Јанева.
Таа истакна дека дека паралелно со подобрувањето на условите активно се работи на дообука на наставниот кадар преку семинари организирани од БРО и УСАИД.
– Преку стручното усовршување нашиот наставник прераснува во носител и инспиратор во создавањето на новите педагошки вредности во практиката и создавање на примарни исчекорувања во наставните постапки. Наставно воспитниот процес во ОУ “Христо Узунов”, со вака обучен кадар е лесно да се спроведува, посебно кога на тоа ќе се додаде кодексот за однесување на учениците и наставниците кој во целост се почитува, рече директорката Оливија Пирузева – Јанева.
На свеченоста беа поздравени најдобрите ученици, кои како што беше истакнато од училиштето ќе заминат како достојни следбеници на патронот Христо Узуниов, и кои знаат дека иднината е еден нов предизвик во кој ќе продолжат и понатаму да чекорат по патеката зацртана во изминатите осум години. Тоа се: Александра Јовческа, Катерина Петреска, Александар Мечкароски, Милка Голубовиќ, Јованка Коваческа, Маринела Ангелеска, Теодора Настоска и Наум Ѓоргески.
На академијата, на која присуствуваа голем број гости и родители, беа доделени и наградите на победниците на литературно-ликовниот и музички конкурс, на тема: “Ако изумре јазикот, умира и родот”:
Литературни творби:
– Одделенска настава:
– 1награда Саво Костовски 4/5
– 2 награда Викторија Пановска 2/4 одделение
– Предметна настава:
– 1 награда Маринела Ангелска 8/3
– 2 награда Емилија Костоска 6/2, и
– 3 награда Сања Симоновиќ 5/2 одд.
Ликовни творби:
– Одделенска настава:
– 1 награда Емилија Стојаноска 4/3,
– 2 награда Марија Јорданоска 2/4,
– 3 награда Ефимија Дуцкиновиќ 2/4
– Предметна настава:
– 1 награда Елеонора Шурбаноска и Данче Петреска 7/1,
– 2 награда Сања Симоновиќ 5/2, и Валентин Ристески 8/4,
– 3 награда Јована Голабовска 7/4 и Симона Трајческа 7/2
Наградата за најдобра музичка творба ја освои песната “Мојот живот” на музика и текст од Катерина Петреска 8/1 одделение.