Охридските основни училишта со низа спортски активности и дружење го одбележаа меѓународниот ден на спортот.
Основците од „Св. Наум Охридски“ од Пештани и од „Григор Прличев“ активно се вклучија во неговото одбележување и на своите ученици уште еднаш им предочија дека физичката активност, играта и спортот се неопходни за правилен физички, ментален, психолошки и социјален развој на децата.
Учениците за време на активностите беа максимално активни, покажаа голем натпреварувачки дух и фер-плеј однесување. Сите игри и меѓуодделенски натпревари што беа организирани поминаа во спортска и весела атмосфера.
Ohridnews