Бугарската јуниорска гимнастичка репрезентација победи на балканскиот шампионат што викендов се одржа во салата “Билјанини Извори“. Бугарската репрезентација до победата ја предводеше Велислав В`лчев кој беше неприкосновен во сите дисциплини. Второто место во машка конкуренција екипно го освои Србија, додека македонските гимнастичари завршија трети на подиумот.
На натпреварите во женска конкуренцијаа доминираа Унагарките кои до првото место на подиумот стигнаа благодарение на одличната Дора Шабо.
Првенството кое мина во организација на Федерацијата за гимнастички спорт на Македонија учество зедоа околу стотина гимнастичари-ки. Преседателот на федерацијата Љупчо Арнаудов е задоволен од одзивот на публиката и начинот на кој беше одбележана 100 годишнината од гимнастиката во Македонија:
– За прв пат на интернационалната гимнастичката карта се појави и Охрид, Македонија. Организација на Два натпревари на едно место досега никаде не се одржани. Ние прв пат направивме пилот проект каде се одмеруваат овие две сили.Ова го направивме по повод 100 години гимнастика во Македонија, односно од првото соколарство во Македонија. Во Охрид е формирано првото соколско друштво од 1908 година – рече Љупчо Арнаудов.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com